За проектот

Чекори кон иднината: 

 Во Кичево ќе се спроведува еден напреден проект на соларен покрив преку соработкаta на германската агенција за енергија и Соларните експерти на ГерМаСолар Импорт-Експорт ДОО односно нејзиниот основач од Интермонт Герман Енерги е.К и Електротехника Хеленбранд.

На покривите на гимназијата „Мирко Милески“  ќе бидат поставени 2  фотоволтаични панели со капацитет од 2.20 кWp и 45.47 кWp. Потребната површина за оваа намена ќе биде 15 и 310 м2.  Двете панели ќе бидат поврзани на тој начин, што ќе може да се користат од училиштето за едукативни цели, а истотака ќе може да бидат следени преку интернет. За оваа намена ќе бидат употребени ексклузивно 100 % германски производи со назнака „ Made in Germany”. Фотоволтаични модули од марката ИБЦ Моносол, тип 245 ЕТ и инвертор од најновата генерација на познатиот светски бренд СМА.  За поставување на фотоволтаичните панели на покривите ќе бидат употребени цертифицирани монтажни системи од ТÜV-RAL и LGA.

Потпирајќи се на општите услови и локалниот соларен интензитет се очекува енергетска добивка од околу 25 kWh  кај малите панели и до 512 kWh кај големите панели. Вкупната заштеда на ЦО2 се проценува на околу 2.5 тони годишно односно 50 тони годишно.

Со овие пилот панели освен што ќе биде отворен патот за произведување на обновлива енергија во еден сончев регион, истотака ќе се обучуваат локалните технички фирми со цел за отворање на нови работни места во Македонија.