Екологија и економија

Рокот на употреба на панелите

Фотоволтаичните панели немаат потреба за одржување и се исклучително трајни.
Рокот на употреба кој се дава од производителот и независните институции е просечно 30 – 40 години.

Реномирани производители на панели даваат гаранција на продуктот и нивната ефикасност

  • Гаранција на продуктот за 2-5 години
  •  Гаранцијата  за ефикасноста е 90 % од минималниот капацитет за временско траење од  10 или 12 години
  • Гаранцијата за ефикасноста е 80 % од минималниот капацитет за временско траење од 20 или 25 години

... и гаранција на вашиот инвертор

  • 5 години
  • 10 -25 години ( може да се продолжи со дополнителна доплата)

 

Од Јануари 2008 сите наши фотоволтаик производи носат дополнително РАЛ печат за одобрување.

 

Пресметување на можната придобивка

За принос на фотоволтаичните панели од клучно значење се квалитетот на модулите, нивната ориентација како и местото во кое се наоѓа.
Како основа за пресметување на придобивката се зема долгорочниот просек на глобалното зрачење од метеоролошката служба за даденото место (види мапа).
Овие пресметки ние ги вршиме целосно бесплатно, со посебен компјутерски програм за енергија. Засенувањето треба да се избегнува. Ако засенувањето не може да се избегне, се уште постои можност со внимателно планирање да бидат монтирани и пуштени во употреба економските фотоволтаични панели.
Ние можеме да ве посоветуваме за можното употребување на површината на вашиот покрив. Без разлика на локацијата на вашиот фотоволтаичен панел,  оптималната ориентација на модулите е 180 ° јужно со нагиб од 20-40 ° степени, но и поголеми отстапувања,  овозможуваат сепак ефикасност на вашите фотоволтаични панели. За покриви со истегнување на  <15 ° користиме специјални модули. (Техника на тенок слој).